Лацио дојде во Милано и го елиминира Интер од Купот на Италија

Лацио е трет полуфиналист во Купот на Италија, откако дојде во Милано и го елиминираше Интер од ова натпреварување. „Лацијалите“ славеа на „Џузепе Меаца“ со 1-2 и се пласираа меѓу четирите најдобри екипи во италијанскиот куп. Интер беше во одлична победничка серија во шампионатот, но тренерот Пиоли се коцкаше, остави дел од најдобрите фудбалери на клупата за резерви – и загуби.

Фелипе Андердон го доведе Лацио во водство со одличниот удар со глава во 20.минута од средбата, а Билја од пенал во 56.минута зголеми на 0-2. Брозовиќ во 84.минута ги врати надежите на Интер, но „нероаѕурите“ немаа сили за да постигнат и втор гол, за да го одведат овој дуел во продолженија.

All Goals HD – Internazionale 1-2 Lazio 31.01… by Live1Goals

Се вчитува...