Лацио го доби римското дерби во атмосфера за паметење… (ВИДЕО)

Лацио славеше против Рома минимално со 0-1 во големата римска пресметка на „Олимпико“ во 13. коло од Серија А.

Лацијалите, во израмнет меч со максимална динамика и шанси на двете страни испратен и со феноменална атмосфера создадена од навивачите на двата клуба, на крај беа посреќни до трите бода.

Победникот беше одлучен по грешката на дефанзивата на Рома во 29. минута која ја искористи Фелипе Андерсон за подарен погодок кој на крај се покажа сосема доволен за триумф на Лацио.

 

Се вчитува...