Лацио го продава на попуст Сергеј Милинковиќ – Савиќ

Италијанскиот калчолигаш Лацио ја намали цената за продажба на српскиот играч за врска Сергеј Милинковиќ – Савиќ, откриваат медиумите на Апенините. Иако пред неколку месеци претседателот на клубот не сакаше ни да слушне за негова продажба доколку заинтересираните клубови не уплатат 100 милиони евра за отштета, сепак, сега ситуацијата е промената. „Лацијалите“ би се согласиле тој да замине во друга средина и за обесштетување од 70 милиони евра.

Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен се клубовите кои покаажуваат најголем интерес за Сергеј Милинковиќ – Савиќ. Оваа сезона, тој постигна шест гола и имаше седум асистенции на 35 мечеви во сите натпреварувања.

 

 

 

Се вчитува...