Лацио го враќа Запакоста од Челси во Италија

Лацио планира да го врати Давиде Запакоста од Англија во Италија. Запакоста летото 2017 година премина од Торино во Челси, но не се наигра во лондонскиот клуб.

Како ништо не се промени ниту со доаѓањето на Маурицио Сари, Запакоста е приморан да го напушти Челси. И, најверојатно се сели во Лацио.

Според пишувањата во италијанските медиуми, „лацијалите“ веќе во јануари планираат доведување на Запакоста поради што веќе се активирани преговори со Челси.

26-годишниот Италијанец игра на позицијата десен бек, а во својата кариера досега има настапи и за Аталанта и Авелино. Во дресот на Челси во 24 меча постигна и еден гол.

Се вчитува...