„Лацио има пари за авион, не и за плати на играчите“

Плејмејкерот на Лацио, Луис Алберто предизвика бура во јавноста обелоденувајќи дека римскиот клуб се уште им должи плати на фудбалерите. Шпанскиот интернационалец го откри ова само неколку часа откако Лацио се пофали дека е купен нов клупски авион, нешто од што Алберто воошто не е импресиониран.

„Баш фино, потрошија многу пари, а нас не ни плаќаат ништо. Го видов авионот, но тој изгледа се плаќа од наши пари. Купуваат работи, но не сакаат на нас да ни дадат плата“, изјави Алберто.

Шпанецот е еден од неколкуте фудбалери на римскиот клуб кои не се договориле со управата за намалување на платите во период на коронавирус. Италијанските медиуми тврдат дека Алберто не зел плата уште од месец април, па јасно е неговото незадоволство од „инвестициите“ на претседателот Лотито.

Се вчитува...