Луис Суарез има свој следбеник во Калчо-лигата, откако дефанзивецот на Лацио, Патрис, вечерва доби црвен картон поради гризење на противнички фудбалер на дуелот против Лече.
Инцидентот се случи во самиот финиш, кога Донати по една мешаница се пожали на главниот судија, кој не го забележа инцидентот. Сепак, Патрис беше „фатен на дело“ од камерите, па по прегледувањето на случката од ВАР-собата експресно беше донесена одлука за црвен картон.
Шпанскиот дефанзивец воопшто не се бунеше, свесен за она што го стори, за што сега ќе му следи и долга суспензија.
Patric, jugador de la Lazio, acaba de ser expulsado por MORDER a un rival.
En Barcelona, Luis Suárez sonríe orgulloso.
— Errores Arbitrales (@ErrorArbitral) July 7, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА