Лацио извиси за Давид Силва, ама ќе се утеши со Хамес Родригез

Италијанскиот калчолигаш Лацио извиси за потписот на шпанскиот интернационалец Давид Силва, кој во последен момент одлучи да се врати во родната земја и направи трансфер во Реал Сосиедад. Раководството на клубот ќе се обиде на тренерот Симоне Инзаги сепак да му донесе нов квалитетен играч за врска во летниот преоден рок, а следната опција е Хамес Родригез. Колумбиецот минатата сезона ја преседе на клупата за резерви или на трибините на „Сантијаго Бернабеу“, а конечно ова лето би можел дефинитивно да замине од „кралскиот клуб“.

Лацио е подготвен да плати 20 милиони евра и да го доведе на „Олимпико“. Но, ќе има голема конкуренција во Атлетико Мадрид, кој подолг период преговара со Хамес Родригез, и со англискиот премиерлигаш Њукасл.

 

Се вчитува...