Лацио ја отвори новата сезона со победа на гостувањето против Болоња, по што управата на клубот му ја исполни желбата на тренерот Џенаро Гатузо, носејќи нов голгетер на „Олимпико“.
Буџетот на „лацијалите“ е скромен, овој клуб веќе извесен период нема пари за скапи засилувања, па така изборот падна врз Андреа Пинамонти.
Новиот голгетер доаѓа од Сасуоло, и тоа на позајмица што римскиот клуб ќе ја плати три милиони евра, со можност за откуп следното лето.
Гатузо го имаше „пикирано“ токму Пинамонти како идеално засилување и се очекува тој веќе следниот викенд да го има своето деби во дресот на „лацијалите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
