Лацио на крилјата на Имобиле ја прелета Болоња

Лацио славеше триумф од 0-2 на гостувањето кај Болоња и се искачи на четвртата позиција на табелата во Серија А, со четири бода негатива во однос на третопласираниот Наполи, кој засега е на патот што води во квалификациите за ЛШ.

Чиро Имобиле беше двоен стрелец за „лацијалите“ на овој меч. Во деветтата минута напаѓачот го отвори резултатот носејќи водство, а трите бода ги завери со вториот погодок во 74.минута од средбата.

Ciro Immobile Goal HD – Bologna 0-1 Lazio 05… by Football–LiveCiro Immobile Goal HD – Bologna 0-2 Lazio – 05… by sporttv724

Се вчитува...