Лацио вечерва го официјализираше најзначајниот трансфер во овој преоден рок откако го доведе во своите редови италијанскиот репрезенативец Давиде Фратези од редовите на Интер.
Клубовите преговараа петнаесетина дена, кога се чинеше дека се е средено „лацијалите“ повторно се пожалија, па намместо еден милион евра за позајмица и задолжителна клаузула од 14 милиони евра, на крајот Лацио се согласи на пет милиони евра за позајмицата, плус опција за откуп за дополнителни 10 милиони.
Фратези попладнево пристигна во „вечниот град“, а по успешните лекарски прегледи следеше и потпис на договорот со „лацијалите“.
Италијанските медиуми најавуваат дека Интер по ослободувањето од Фратези ќе се врати на пазарот со трета понуда за Куртис Џонс од Ливерпул, во висина од околу 35 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
