Лацио се спаси од пораз, реми без голови на Интер

Лацио во последен миг избегна пораз на „Олимпико“ против Сасуоло и одигра 2-2. Во петтата минута од судиското продолжение Сенад Лулиќ донесе важен бод за „лацијалите“ во трката за Европа. Имобиле од пенал го доведе Лацио во водство во 53.минута, но Роџерио и Берарди се обидоа да му го загорчат животот на домашниот тим. Сепак, Лулиќ спаси барем бод.

Интер на „Џузепе Меаца“ ремизираше без голови против Аталанта. „Нероаѕурите“ се наоѓаат на третата позиција и имаат пет бода предност во однос на четвртопласираниот Милан. Аталанта со бодот од Милано исто така се израмни бодовно со „росонерите“, и двата тима имат по 52 бода.

Се вчитува...