Лацио со џиновска победа во Милано се врати во игра за ЛШ

Лацио се врати во игра за место во ЛШ за следната сезона откако римскиот клуб успеа да стигне до џиновска победа на гостувањето против Интер (0-1). Милинковиќ – Савиќ беше стрелец на единствениот гол со прецизен удар со глава од непосредна близина, по што избраниците на Инзаги одлично ги затворија приодите кон сопствениот гол. Спалети тврдоглаво го изостави Икарди од тимот, а помошта на Аргентинецот сигурно ќе му беше добредојдена во ситуација кога го немаше ниту Лаутаро Мартинез.

Интер почна со Кеита во нападот, но поранешниот грач на Лацио не се снајде најдобро во оваа улога. И покрај офанзивата и поголемиот посед на топката домашниот тим не успеа да создаде стопроцентна шанса  и да го загрози гостинскиот гол.

“Нероаѕурите“ сепак остануваат на третото место со 53 бода, благодарение на синоќешниот пораз на Милан од Сампдорија по кој „росонерите“ останаа на 51 освоен бод сезонава. Лацио со вечерашниот триумф има 48 бода, но и натпревар помалку од ривалите во трката за место во ЛШ.

Се вчитува...