Лацио во 95. минута ја скрати радоста на Роналдо и Јувентус (ВИДЕО)

Нема победа за Јувентус во дербито на 7. коло во Серија А. И покрај тоа што тимот од Торино беше на прагот од три бода, сепак не успеа до триумф на гостувањето против Лацио во Рим.

Јувентус имаше предност од 0-1 по голот на Кристијано Роналдо уште од 15. минута, но Лацио успеа да израмни со голот на Еквадорецот Каиседо во 95. минута.

 

„Старата дама“ не успеа да се пробие на втората позиција на табелата, останувајќи на три победи во досегашниот тек од шампионатот.

Се вчитува...