Лацио во последен час ја „украде“ победата од Калјари

Лацио со неверојатен пресврт во судиското продолжение успеа да слави триумф (1-2) на гости против Калјари и ја продолжи победничката низа во Серија А. Тимот на Симоне Инзаги се наоѓа на третата позиција со 36 бода, само три помалку од Интер и од Јувентус кои се на водечките две места.

Џовани Симеоне во осмата минута го доведе Калјари во водство и домаќинот го чуваше љубоморно се до судиското продолжение. Симеоне не успеа да реализира уште една одлична шанса, а потоа дојде супер-пресврт на Лацио.

Луис Алберто во третата минута од судиското продолжение донесе израмнување, а Фелипе Каиседо во 97.минута постигна победнички погодок за гостите.

Се вчитува...