Лацио во последната минута извлече победа со Специја

Лацио успеа да извлече три бода во битката за позицијата која носи место во Лига Европа, триумфирајќи со 3-4 на гостувањето против Специја во 35. коло од Серија А.

Лацијалите имаа постојана негатива на натпреварот од 2-1 и 3-2, но Милинковиќ-Савиќ во 68. минута успеа да донесе најпрво израмнување за тимот од Рим.

А, во 90. минута Ачерби постигна погодок за целосен пресврт и триумф од 3-4, па „лацијалите“ сега се со бод предност во однос на Рома на петтата позиција.

Се вчитува...