Лаутаро Мартинез не изразил желба да замине од Интер

Аргентинскиот интернационалец Лаутаро Мартинез не искажал желба да го напушти Интер во претстојниот летен преоден рок, истакна спортскиот директор на клубот, Џузепе Марота. За него се интересира Барселона, се најавуваше дека каталонскиот клуб ќе ја активира отштетната клаузула од 111 милиони евра, но нејзиниот рок истече вчера, по што се поголеми се шансите дека тој ќе остане на „Џузепе Меаца“.

„Лаутаро Мартинез е среќен во Интер и нема најавено дека сака да си замине. Знаеме дека се работи за фантастичен играч и дека многу големи европски клубови би сакале да го видат во своите редови“, изјави Бепе Марота.

Интер ја загуби трката за шампионската титула, а тренерот Антонио Конте и раководството на клубот веќе го планираат ростерот за следната сезона.

Се вчитува...