„Лавовите“ беспрекорни: Триумф и над Брегалница за 3 од 3 на стартот од пролетта (ВИДЕО)

Фудбалерите на Македонија ЃП одлично го почнаа пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига запишувајќи триумф и во третиот едноподруго натпревар. Во 21. коло од ПМФЛ, „лавовите“ на домашен терен славеа со 2-1 против Брегалница искористувајќи ги умешно двете грешки на гостите во првото полувреме.

И покрај тоа што Брегалница имаше целосна иницијатива на теренот во првото полувреме, играјќи подобро од противникот, сепак домашните искористија две големи грешки на гостинските дефанзивци за предност од 2-0.

Веќе во 41. минута грешка покрај аут линијата и на Азиновиќ, а Попзлатанов мајсторски продре по десната страна нафрли пред голот на Брегалница каде на вториот дирек Стојкоски од неколку метри погоди за 2-0.

Во вториот дел фудбалерите на Брегалница тргнаа на се или ништо, па веќе во 53. минута нововлезените Додев и Ѓокиќ реализираа погодок за 2-1. По корнерот од левата страна на Додев, Ѓокиќ беше највисок во скокот со глава пред голот на домашните и погоди за намалување на предноста на „лавовите“.

Низ продолжението на мечот штипјани и натаму играа офанзивно во желбата за израмнување, наспротив „лавовите“ кои преку контранапади го загрозуваа голот на Денковски. Брегалница имаше комплетна иницијатива во финишот на мечот, но Македонија ЃП успеа да ја одбрани предноста.

Се вчитува...