„Лавовите“ без Абутовиќ на мегдан со Вардар

Илија Абутовиќ со години беше незаменлив дел од тимот на Вардар, летово се пресели во Рајн-Некар Левен, а српскиот репрезентативец требаше својот камбек во Скопје да го има на мечот од четвртото коло од ЛШ во кое „вардарци“ ќе го пречекаат актуелниот првак на Германија. Сепак, специјалистот за одбрана нема да биде во комбинација за настап на овој дерби-дуел откако заработи незгодна повреда на последниот меч од ЛШ против Кјелце.

„Абутовиќ го повреди мускулот на ногата и ќе мора да паузира извесно време. Првите прогнози се дека тој нема да може да игра меѓу четири и шест седмици, што е сериозен удар за нас со оглед на фактот дека Илија е многу важен играч во одбраната“ – изјави тренерот Николај Јакобсен.

„Лавовите“, во чии редови настапува и Филип Талески, по првите две кола во Лигата на шампионите имаат една победа и еден пораз, а во третата рунда ќе го пречекаат Брест Мешков, по што следи и гостувањето против Вардар.

Се вчитува...