„Лавовите“ ги договорија пријателските во Анталија: Тестови со Олимпик Доњецк, Олександрија, ЦСКА…

Фудбалерите на Македонија ЃП главната фаза од подготовките за пролетниот дел од сезоната ќе ја реализираат во Анталија од 22. јануари.

Шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски веќе ги дефинираше и противниците за пријателските натпревари кои ќе се играат во турскиот туристички центар.

Веќе договорени се тест дуелите со шест противниците, украинските Олександарија, Инхулетс, Олимпик Доњецк и Минај, како и бугарските Монтана и ЦСКА 1948.

Се вчитува...