Освојувачот на титулата во Купот на Македонија, Македонија Ѓорче Петров замина за Банско, Бугарија каде ќе одигра четири контролни средби како подготовка за двомечот во Конференциската лига против бугарската ЦСКА Софија.
„Лавовите“ за противници на мини-подготовките во Банско ќе имаат одлични противници како АПОЕЛ и Стеауа Букурешт, а ќе играат и со Мавлон и Политехника.
Првиот натпревар од 2. коло во Конференциската лига против ЦСКА Софија ќе се игра на 21. јули во Скопје, додека реваншот во Бугарија е закажан за една недела подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА