„Лавовите“ ги преставија и Чарлстон и Ајрулаху

По потврдата за трансферот на Робсон да Силва, прволигашот Македонија Ѓорче Петров ги престави и Чарлстон Силва дос Сантос и Изет Ајрулаху. „Лавовите“ го искористија егзодусот во Вардар и го доведоа Чарлстон во своите редови. Покрај за најтрофејниот македонски клуб Чарлстон во кариерата настапуваше и за Царско Село од Бугарија и Порто и Ресифе од Бразил.

Изет Ајрулаху во Ѓорче Петров доаѓа од редовите на второлигашот Скопје, а во кариерата настапуваше и во унгарското, словачкото и романското првенство.

Се вчитува...