„Лавовите“ го официјализираа Џон Мена

Колумбискиот фудбалер Џон Мена кој досега настапуваше за Ренова, во иднина ќе игра за Македонија ЃП. Мена настапуваше во таборот на „гипсарите“ од февруари 2021 година, а после најавата дека Ренова ќе се реформира и дека нема да игра во Прва лига, тој најде нов ангажман.

Мена е десен бек, а може да игра и како крило. Мена во минатото играше за Ланерос и Патриотас во Колумбија.

 

Се вчитува...