„Лавовите“ го официјализираа Зука

Освојувачот на Купот на Македонија од минатата сезона, тимот на Македонија Ѓорче Петров го официјализираше трансферот на Фисник Зука.

Левиот бек во Ѓорче Петров доаѓа од редовите на Ренова, а во тимот треба да биде замена за Давид Атанаскоски, кој што  беше промовиран во редовите на Партизани Тирана. Зука е четвртото засилување за „лавовите“, после Александар Ѓорѓиески, Бојан Илиевски и Христијан Пецов.

Зука во минатото покрај Ренова, играше и за Шкупи и за Работнички.

Се вчитува...