Засилувајќи се за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Македонија ЃП и официјално го промовираше Бразилецот Мател Лемос Да Силва.
24-годишниот Бразилец доаѓа од бразилскиот шампионат меѓу „лавовите“ засилувајќи го средниот ред на тимот.
Како што е познато, претходно тимот од Ѓорче Петров се засили и со Јован Попзлатанов, Стефан Лазаревиќ, Кристијан Костовски, Љавдрим Фазлиу, Филип Мишевски, Филип Костовски, Балша Бановиќ, Димитриј Димитриевски, Кристијан Ивановски и Абу Камара.
Нови договор со клубот потпишаа и Боби Божиновски, Ермедин Адем, Кристијан Филиповски, Самир Фазли и Есмин Личина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА