„Лавовите“ и „пандевци“ во нова пресметка – Битка за финале во Купот на Македонија

По саботната првенствена пресметка во која Академија Пандев славеше со 1-2 на гостувањето против Македонија ЃП во Ѓорче Петров, сега повторно дуел меѓу двата тима во Скопје, но овој пат во далеку позначајното полуфинале од Купот на Македонија.

„Пандевци“ со серија од три победи во првенството гостуваат во Ѓорче Петров силно мотивирани за уште еден успех, иако сега составот на Жикица Тасевски, пак, носи дополнителен поттик за реванш по саботниот пораз.

Само еден натпревар ќе го одлучи патникот во финалето од Купот на Македонија. Во втората полуфинална пресметка, утре во Струга домашниот Струга Трим Лум ќе го пречека Силекс.

Натпреварот од полуфиналето во Купот на Македонија меѓу Македонија ЃП и Академија Пандев денеска на стадионот во Ѓорче Петров се игра со почеток од 13 часот.

Се вчитува...