„Лавовите“ ќе лечат рани против Работнички, Струга ТЛ на победа со Ренова

По претходниот убедлив пораз од Академија Пандев, фудбалерите на Македонија ЃП денеска против Работнички на домашен терен во 7. коло од ПМФЛ ќе ги лечат своите рани.

„Лавовите“ посакуваат враќање на позитивните резултати како би можеле повторно да се приклучат кон водечките места на табелата, но ги очекува повеќе од разиграниот Работнички кој се поотворено ја најавува желбата за врвот во елитниот фудбал.

„Не очекува тешко гостување кај Македонија ЃП. Меѓусебните мечеви со овој противник секогаш се тешки и неизвесни до самиот крај, а победува оној што ќе ги сведе своите грешки на минимум. Се надевам дека фудбалерите и овој натпревар ќе го одиграат според реномето на Работнички“ – вели шефот на стручниот штаб на Работнички, Александар Влахо.

И Струга ТЛ, пак, е една од екипите кои одлично ја почнаа сезоната па посакува денешен триумф за запоседнување и на врвот на табелата.

„Мислам дека Струга Трим Лум има сила и квалитет за продолжување на позитивната серија на резултати, така да и  против Ренова ќе играме за три бода, се со цел да останеме во горниот дел на табелата“ – вели офанзивецот на стружани Емир Скендери.

ПРВА ЛИГА – 7. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Тетово: РЕНОВА – СТРУГА ТЛ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ

Скопје: ШКУПИ – БОРЕЦ

Битола: ПЕЛИСТЕР – АК. ПАНДЕВ

Скопје: СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА

Се вчитува...