„Лавовите“ поразени и од бугарска Монтана на подготовките во Анталија

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров го доживеаја и четвртиот пораз на подготовките во Анталија, овој пат од бугарскиот тим Монтана.

„Лавовите“ загубија минимално со 1-0. Стрелец на голот за Бугарите беше Сергеј Георгиев.

Претходно Македонија ЃП загуби од украинските Инхулец (0-0) и Александрија (1-4), како и од ЦСКА Софија (0-1). Следниот тест дуел е против украински Минај.

Се вчитува...