„Лавовите“ се пенал мајстори, Ѓорче слави нова куп титула (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија ЃП го одбрани Куп трофејот, откако во финалето по изведувањето на пенали го совлада тимот на Струга ТЛ, и не му дозволи да се радува на двојна круна. Ѓорчепетровци идентично како и минатата сезона, успеа да дојде до трофејот, трет во својата историја. Практично „лавовите“ го одбранија тронот во Купот и ќе играат во Лигата на Конференции.

И повторно како и минатата година уште еднаш покажаа дека се мајстори кога е во прашање пенал-рулетот.

Се вчитува...