„Лавовите“ водени од Бајрами веќе цврсто чекорат кон Европа… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија ЃП е најпријатното изненадување на стартот од пролетната сезона во Првата македонска фудбалска лига. Малку кој очекуваше три победи од исто толку натпревари за „лавовите“ на стартот од пролетниот дел, но предводени од Муарем Бајрами и тоа како знаат за своите цели.

Фудбалерите од Ѓорче Петров денеска триумфално го завршија и мечот со Брегалница, мудро искористувајќи ги грешките на противникот и своите пет минути иако не беа доминантни на натпреварот.

Но, на крајот на краиштата, на крај се бројат само бодовите… А, тие оваа пролет постојано одат на контото на „лавовите“.

 

Се вчитува...