„Лавовите“ загубија на пријателскиот дуел со кипарски АПОЕЛ

Македонија ЃП загуби на пријателскиот натпревар од кипарски АПОЕЛ кој се одигра во Благоевград, Бугарија.

За време на подготовките во Банско пред настапот во квалификациите од УЕФА Конференциската лига, „лавовите“ одиграа тест дуел со еден од најдобрите кипарски клубови и загубија со 0-2 (0-1).

За составот на Муарем Бајрами остануваат уште два пријателски натпревари за одигрување за време на подготовките пред европските настапи.

Се вчитува...