„Лавовите“ загубија од Беласица Петрич на тестот во Банско

Фудбалерите на Македонија ЃП загубија од бугарскиот тим Беласица Петрич со 0-1 во рамките на подготовките во Банско.

Во главно израмнет натпревар, бугарскиот тим до победата дојде со погодокот во 81. минута од средбата.

За „лавовите“ ова беше втор пораз на подготовките во Банско. По ремито со Ингулец, составот на Александар Таневски претходно загуби и од ЦСКА 1948. На 22. јули го играат последниот пријателски дуел во Банско, против Академија Пандев.

Се вчитува...