„Лавовите“ заминаа на подготовки во Охрид, ќе ’тестираат’ бразилски офанзивец

Прволигашот Македонија ЃП од денеска се наоѓа на зимски подготовки во Охрид, каде ќе се задржи до 11. февруари, за кој период планирано е одигрување и неколку пријателски натпревари.

Екипата на Јовица Кнежевиќ во изминатиот период работеше во спортски сали а отежнато беше работењето на терен, поради лошите временски услови во нашата држава. Како што е договорено, екипата од Ѓорче Петров на 31. јануари ќе одигра меч со Борац Чачак, на 2. февруари со Шкупи, два дена подоцна ги чека пресметка со тетовска Ренова, а на 10. февруари ќе одиграат натпревар против Младост Подгорица. Ќе бидат одиграни уште неколку пријателски средби, но противниците се уште не се познати.

На овие подготовки, со екипата ќе биде и 21-годишниот офанзивец Лукаш Меирилеш, кој доаѓа од Бразил и доколку ги задоволи апетитите на управата на „лавовите“, тој ќе остане во екипата да и помогне во борбата за опстанок. Со тимот заедно е и Дејан Тантуровски.

Се вчитува...