Лазаревиќ: Одиме во Тетово по ново финале

Освојувачот на Купот, Македонија ЃП утре со гостување во Тетово кај Шкендија, ќе сака да избори ново финале во ова натпреварување.

Фудбалерот на „лавовите“ Стефан Лазаревиќ вели дека тимот ќе патува во Тетово со цел да се обезбеди ново финале, и можност да се брани трофејот освоен минатата година.

„Нашата цел е да го одбраниме купот, Шкендија е фаворит во овој натпревар, но ние сме освојувачи и ќе одиме во Тетово тоа да го докажаме на терен и да играме пак во финале.“, рече Лазаревиќ. 
Вториот меч се игра во Струга, каде домашниот тим го пречекува Силекс.

Се вчитува...