Еден од најдобрите македонски ракометари, Милан Лазаревски не го криеше задоволството од новиот пласман на Македонија на Европско првенство.
Според македонскиот ракометар, без никакво потценување на Литванците, ние сме тие кои единствено заслуживме место во европската елита.
„Одигравме одлична одбрана, но во второто полувреме мора да признаеме дека нападот ни беше конкретен, одличен. Секако и централниот блок беше денеска одличен, Аларов, Марковски и сите заедно бевме на високо ниво придонесувајќи да се дојде до овој резултат. Не сакам воопшто да ја потценам репрезентацијата на Литванија но очигледно е дека ние заслужуваме да бидеме таму каде што треба да бидеме – во европската елита“ – ни изјави Лазаревски по мечот, притоа дополнувајќи:
„Го дадов секако и последниот атом од мојата сила, затоа што македонскиот дрес, овие навивачи и сите што не поддржуваат не заслужуваат ништо помалку од максимална борба на секој од нас на терен“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА