Ракометарите на Вардар утре ќе имаат тешка задача на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ да ја анулираат негативата од десет гола против Монпелје по првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на Европа.
Пикерот Милан Лазаревски пред утрешниот меч вели
„Имаме утре многу важен меч. За жал не очекувавме така да заврши мечот во Франција. Наше е да дадеме максимум и со огромна поддршка од нашите навивачи да се покажеме во далеку подобро издание“, изјави Лазаревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
