Лазаревски претпоследен на супер-џи трката на младинските ЗОИ во Лозана

Младиот македонски алпски скијач, Мирко Лазаревски го освои претпоследното место на супер велеслаломската трка на Зимските младински олимписки игри во Лозана.

Нашиот скијач заврши со време од 1:03.43 минута, што беше за скоро девет секунди послабо од најдобриот Адам Хофштед од Шведска. Среброто му припадна на Рок Азнох од Словенија, додека со бронзата се закити Лук Родит од Швајцарија.

На Младинските игри во Лозана ќе настапат уште четири македонски спортиски. Анамарија Зафировска  и Дарко Крстески во биатлон и Михаела Даноска и Андонаки Костоски во крос кантри.

Се вчитува...