Лазаревски: Работнички да им се врати на победите

Работнички го загуби ритамот и мораше да направи промена на тренерската позиција, а нов шеф на стручниот штаб е Баже Лазаревски. По ремито против Македонија ЃП во претходното коло, „романтичарите“ денеска ја пречекуваат Беласица на домашен терен.

„Тимот се консолидира по неуспесите, ремизиравме против Македонија ЃП во Ѓорче Петров во минатото коло, а сега посакуваме да одиме напред и да оствариме триумф против Беласица. Играме на домашен терен и ќе сториме се за да ги освоиме трите бода. Го респектираме противникот максимално, но овој Работнички има квалитет и тоа ќе го докаже на натпреварите што претстојат“, вели Баже Лазаревски за официјалниот сајт на клубот.

Марјан Ецковски од Охрид ќе биде главен судија на мечот меѓу Работнички и Беласица.

Се вчитува...