Лазаревски: Важен триумф на Чаир, треба да влеземе во победничка серија

„Романтичарите“ ја остварија првата победа под раководство на тренерот Баже Лазаревски. Славеа против Шкупи на Чаир со 1-2, со головите на Оливер Пеев и на Баже Илијоски. Сега шефот на стручниот штаб бара тимот да влезе и во победничка серија. Следен предизвик в недела е Ренова.

„Ова е важен триумф за нас и големи три бода. Но, не сакаме да сопреме тука и треба да влеземе во победничка серија. Сега не очекува исто така значаен меч против Ренова. Сакам да им честитам на фудбалерите за одличната претстава, не потклекнавме ниту по водечкиот гол на Шкупи. Се вративме посилни во вториот дел и стигнавме до триумф. Овој Работнички има квалитет, потребно беше само да се врати самодовербата кај фудбалерите“, изјави шефот на стручниот штаб, Баже Лазаревски, за официјалниот сајт на клубот.

Работнички по 27 кола се наоѓа на петтата позиција на табелата со 36 бода.

Се вчитува...