Лазаров го одбра тимот за дуелот против Словачка

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ја пречекува Словачка, во реванш-натпреварот од баражот за пласман на Светското првенство во 2027 година. Нашите ракометари на домашен терен ќе ја бранат предноста од седум гола од првиот меч одигран во Прешов.

Селекторот Кирил Лазаров се одлучи за две тактички измени во составот во однос на првата средба. Во официјалниот ростер за вечерашниот меч на местата на Томислав Јагуриновски и Валентин Карасманакис шанса ќе добијат Филип Николов и Марко Стојковиќ.

Се вчитува...