Лазаров го повика Петар Атанасијевиќ по откажувањето на Манасков

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, упати повик до левото крило на Еурофарм Пелистер, Петар Атанасијевиќ за престојните натпревари против Јапонија кои ќе се играат во Куманово.

Атанасијевиќ се најде на списокот на Лазаров, но во резервниот тим, затоа сега по откажувањето на Дејан Манасков ќе добие шанса да игра против Јапонија. Освен него, на левата крилна позиција ќе биде и Иван Џонов.

Манасков вчера јавно се изјасни дека нема да игра за репрезентацијата на Македонија, поради несогласувања со селекторот Лазаров.

Манасков го одби повикот за Македонија поради Кирил Лазаров

Се вчитува...