Лазаров и Нант остануваат перфектни во Франција

Кире Лазаров и Нант продолжија со одличните настапи на стартот од сезоната во францускиот шампионат, во петтото коло стигнувајќи до својата петта победа. Ракометарите на Нант денеска беа гости на Трембле, стигнувајќи до триумф од 28-32 за зацврстување на врвот на табелата.

Трембле стигна до предност од три гола во раната фаза на мечот, но Нант одговори со одлична игра во вториот дел од првото полувреме, во кој гостите го свртеа резултатот во своја полза, поведувајќи со 13-17 и потоа таа предност одржувајќи ја до самиот крај на мечот.

Македонскиот капитен немаше свој ден на голгетерски план постигнувајќи само еден погодок, а најефикасни во таборот на Нант беа Турнат и Хансен со по пет гола.

Се вчитува...