Лазаров: Инвестирајте во спортот

Капитенот на ракометната репрезентација Кирил Лазаров го доби признанието за најдобар македонски спортски репрезент во странство во националниот избор што го организира Агенцијата за млади и спорт. Лазаров е константно стабилен лидер на националниот ракометен тим, а со францускиот Нант на крајот од минатата сезона беше во финалето на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

„Би сакал да ја поздравам спортската јавност во Македонија и пред се поддржувачите на спортот и да ги мотивирам да помагаат и понатаму, затоа што имаме таленти во сите спортови. Што се однесува до наградата, имав исклучителна година и со репрезентацијата и со Нант. Имаме многу предизвици и за 2019 година, размислуваме позитивно и се надеваме на нови успеси. Досегашните резултати ги оставаме зад нас, македонскиот народ сака нови успеси“  – порача Лазаров при добивањето на наградата.

Лазаров е победник во конкуренција на уште двајца капитени на национални селекции, предводникот на фудбaлската репрезентација, Горан Пандев и лидерот на одбојкарскиот состав, Никола Ѓоргиев.

 

 

Се вчитува...