Лазаров: Јапонија заслужи да победи на овој меч

Ракометната репрезентација на Македонија претрпе пораз од 31-32 на вториот дуел од двомечот со Јапонија што беше одигран попладнево во салата во Куманово. Селекторот Лазаров имаше можност да ги види на дело своите избраници против селекција што игра исклучително брз ракомет, на долги периоди не само што париравме, туку бевме и подобар противник, но ја плативме цената за падот на концентрацијата во завршните минути и го минимално го загубивме овој натпревар.

Селекторот Кире Лазаров по мечот вели дека нема што да им замери на неговите играчи и дека Јапонија заслужила да победи на овој меч.

„Имавме екстра квалитетен противник за тоа што не чека на Европското првенство. Видовте и самите дека тие играат совршен и брз ракомет. Со начинот на кој одиграа заслужено победија. Немам замерка за момците, но можеби ни недостигаше уште малку поголем ангажман. Ни недостигаат доста првотимци, но сепак ја искористивме можноста играчи кои имаат помала минутажа да добијат своја шанса. Задоволен сум од  тоа што има добра атмосфера во мојот тим. Сепак, нашиот менталитет повторно доаѓа до израз бидејќи сите играат ракомет, а ние не ги сфаќаме сите репрезентации на ист начин“, изјави Лазаров. 

Се вчитува...