Лазаров: Не очекувавме таква победа во Грција, в недела да го покажеме најдоброто и да се радуваме

Алкалоид има одлични „плус четири“ од првиот натпревар во Атина против АЕК, но тренерот Кире Лазаров јасно става до знаење дека нема да дозволи опуштање во таборот на „сино-белите“ од Автокоманда.

Лазаров верува во нов успех на својот тим, истакнувајќи дека ќе настојува ракометарите да бидат што поопуштени, за да можат да ги покажат своите квлиттет на теренот во СЦ „Борис Трајковски“.

„Сакам да се заблагодарам до медиумите за поддршката што ни ја дававте во текот на целата сезона на овој европски пат. Стигнавме до финале кое е многу значајно за нашиот клуб, но и за целокупниот македонски ракомет. Одигравме еден одличен натпревар во Грција, слободно можам да кажам резултатски и неочекуван. Имаме одлични „плус четири“, момците беа на висина на задачата, она што го договаравме го исполнија и со голема предност влегуваме во реваншот. Од една страна секогаш сум претпазлив знаејќи го нашиот менталитет, ако се знае дека дури 19 играчи од нашиот ростер се Македонци… но од друга страна чувствувајќи ја атмосферата на два дена до натпреварот, треба малку порелаксирано да влеземе во реваншот. Мораме да уживаме… како играч имам одиграно многу финалиња и повеќе ги имам загубено отколку победено (говорам за финалиња од ЛШ), мислам дека тоа искуство ми е драгоцено за да ја подготвиме соодветно екипата. Не сакам играчите да бидат под никаков притисок, не се сомневам дека в недела ќе го дадат најдоброто од нив“, изјави Лазаров на денешната прес-конференција.

Се вчитува...