Лазаров: Не треба да се грижиме за иднината, Македонија ќе има модерна репрезентација

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров имаше свое обраќање на седницата на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија.

Тој даде своја анализа за минатиот период и изјави дека не треба да се грижиме за иднината бидејќи ќе имаме модерна репрезентација.

„Успеавме да се пласираме на СП во Полска и Шведска после пресметки со две силни репрезентации, кои се во подем, направивме голем чекор напред, бидејќи по овие мечеви следи комплетна промена на составот, заминаа во пензија големи имиња како Стоилов, Миркуловски и Лазаров. Мора да посветиме понатаму со голема верба и работа, не треба да се плашиме дали ќе имаме иднина, затоа што градиме квалитетна и модерна репрезентација, ќе биде конкурентна со најголемите светски репрезентација. Не чекаат квалификациите за ЕП 2024 година, да кажам дека имавме поголема среќа. Не треба да ја потцениме ниту Турција и Луксембург, Португалија е фаворит. Треба да се покажеме во препознатливо светло како во претходните седум месеци. Се надевам дека ќе имаме два успешни натпревари“, рече Лазаров.

Се вчитува...