Лазаров: Одиме заедно кон нови успеси…

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, уште еднаш ја повтори својата желба да се продолжи со одличните резултати и континуитетот од настапите на големите натпреварувања. Македонија во следните денови игра квалификациски средби со Турција и со Грција, но Лазаров повтори дека овие мечеви треба да се искористат и за подготовка за СП 2019.

„Почнуваме нов циклус заедно со новиот партнер Халк банка. Колку што ме држи сеќавањето, оваа компанија и порано инвестирала во спортот и секогаш имала успеси. Иако сме успешна репрезентација остануваме многу амбициозни, па сега сакаме со новиот партнер да остваруваме уште подобри резултати. Со максимален респект кон сите ривали во нашата група, очекувам да играме максимално и да ги искористиме овие натпревари за нашето претстојно Светско првенство во јануари“ – изјави капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров.

На прес-конференцијата присутен беше и македонскиот селектор Раул Гонзалес.

„Благодарност до новиот спонзор, за нас е многу добро што уште една нова компанија застанува во поддршка на ракометот“ – истакна кормиларот на нашиот национален тим.

Се вчитува...