Лазаров останува прв стрелец на СП 2017

mec baner

Комплетирањето на третото коло од светскиот шампионат во Франција не донесе промени на врвот на листата на стрелци, кој е резервиран за Кире Лазаров. Македонскиот капитен постигна девет гола при поразот од Словенија, па сега има вкупно 31 погодок на три одиграни средби.

tops scorer

Зад Лазаров се наоѓаат двајца ракометари од нашата група, Лопез од Ангола со 26 и Банур од Тунис со 24 погодоци, со тоа што и двајцата стигнаа до овие бројки со по четири одиграни кола. Четвртопласиран на листата на стрелци е Каралек од Белорусија со 23 гола, а зад него следат Норвежаните Сагосен со 23 и Бјорнсен со 22 гола (двајцата на по четири меча), како и Уве Генсхајмер, кој досега на три натпревари постигна 21 гол.

Останува да се види дали Лазаров ќе успее да го задржи фантастичниот просек од над десет гола по натпревар и на утрешниот дуел со Шпанија, селекција што ја краси извонредно цврста одбрана на чело со неговиот соиграч од Барселона, Гонзало Перез де Варгас.

Се вчитува...