Лазаров: Ова треба да не освести

mec baner

Македонските ракометари го доживеаја првиот пораз на Светското првенство во Франција, откако Словенија ги совлада убедливо со 29-22. Избраниците на Веселин Вујовиќ беа многу побрзи, поснаодливи, го имаа расположениот голман Скок на голот, и на крајот остварија убедлив триумф. Капитенот Кире Лазаров вели дека овој пораз треба да ги освести нашите ракометари.

„Овој пораз треба добро да не освести. Имавме две победи, влеговме малку и во еуфорија, како и секогаш, такви сме ние Македонците, но овој меч секако не го одигравме на високо ниво. Повторно тргнавме лошо, со неколку нереализирани удари, Словенците обезбедија предност, и потоа беше многу тешко да се вратиме во игра. Можеби ќе звучи и чудно во овој момент, но не е важно дали ќе загубиш со еден гол или со десет, едноставно ги загубивме овие бодови, и одиме понатаму. Се уште сме во игра и имаме добра позиција“, изјави Кире Лазаров.

Се вчитува...