Лазаров: Повеќе од 40 минути бевме нервозни, а потоа ’експлодиравме’…

mec baner

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров сосема очекувано е презадоволен од големата победа на стартот од Светското првенство 2017 во Франција и реваншот на Тунис за оној пораз во квалификацискиот турнир за ЛОИ во Полска. Но, капитенот секогаш потенцира дека треба да внимаваме, без залетување, за понатаму затоа што очигледна беше и нервозната игра во нашите редови во поголемиот дел од мечот.

„Извојувавме значајна победа, но јас денеска, поготово кај дебитантите, ја почувствував нервоза. Што е и нормално на едно вакво натпреварување. Им дадовме поддршка и мислам дека во вториот натпревар ќе биде полесно. Демонстрираа храброст и мислам дека ќе бидат посигурни понатаму. Првенството е долго“ – рече Лазаров веднаш по победата, и дополни:

„Воопшто не сум задоволен од тоа како функциониравме во првите 40-45 минути, но ете, го сркшивме мразот, собравме два бода. Да бидам искрен мислам дека ако промениме уште некои финеси ќе бидеме закана за секоја репрезентација. Стоилов и Миркуловски одиграа одлично и во нападот и во одбраната. Задоволни сме, радува фактот дека во 45. минута направивме пресврт, но свесни сме дека можеме да се поправиме. Сега е најважно да се одмориме добро. Ангола беше разбиена од Словенија, но за нас најважно е само да го добиеме тој натпревар“.

Се вчитува...