Селекторот Кире Лазаров го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе бидат во комбинација за настап на претстојниот бараж двомеч со Словачка на кој македонскиот национален тим ќе атакува на билет за нов светски шампионат.
Нашиот национален состав повеќе од една деценија е редовен учесник на сите европски и светски шампионати, тренд што ќе се обиде да го продолжи и во овој двомеч.
Списокот е речиси вообичаен, на него го нема само Мартин Серафимов од оние вообичаените, но многу поважно ќе биде кои имиња ќе се најдат на скратениот список што би требало да биде објавен следната седмица, кои ќе се појават на подготовките и ќе бидат во комбинација за настап.
Првиот дуел од овој бараж двомеч ќе се игра на 14 мај во Прешов, Словачка, а реваншот е закажан за 17 мај во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
